Пријатели - Вести

25.12.2008 06:19

Потребен е програмер

Почитувани посетители и членови на Пријатели, отворено е работно место за програмер со напредни познавања и вештини за програмирање со програмскиот јазик "php".

Покрај напредното ниво на познавање на програмскиот јазик "php", сакаме да напоменеме дека кандидатите треба да бидат спремни за работа на комплексни портал-систем проекти и да го владеат добро англискиот јазик.

Сите заинтересирани кандидати ги молиме да испратат емаил на info@prijateli.com.mk со CV и сите други информации кои ќе им бидат од корист (примерок од код, резиме, портфолио)