MoNiKa DiMiTrIeVsKa [Moni]

14 години, Куманово


NeSrEkNa LjUbOv

Еј се сеќаваш ли на првото танго, на шамарот што ти го плеснав кога сакаше да ме бакнеш.
Се сеќаваш ли на оној цвет што ми го даде,не знам дали беше синоличка или роза што ме потсеќа
на твоите очи. Тој цвет падна во водата, а ти не ми дозволи да го земам, ми рече дека не вреди.
Утредента ми донесе цел букет такви цвеќиња но ниедно ја немаше бојата на единствениот цвет кој
падна во водата. Се сеќаваш ли еден ден кога дојдов пред тебе и сакав да те бакнам а ти се тргна и
ми рече: „Малечка, не те сакам повеќе. Сакам друга и мислам дека нема смисла да бидеме повеќе заедно.“
Тогаш ти реков ЧАО. Ти го свртев грбот и почнав да плачам. Застанав, скинав лист и почнав да го грицкам.
Мислев дека ќе ми помогне. Тогаш ја почувствував твојата рака на моето рамо и го слушнав твојот глас:
Малечка зарем навистина помисли дека не те сакам? Почнав да те бакнувам, многу ми беше мил во тие
моменти. Еден ден кога дојдов пред тебе те фатив за рака , те прашав што ти е а ти молчеше. Те погледнав
во очи а тие беа поцрвенети од плач. Ми рече : „ Деновиве заминувам за Америка. Можеби никогаш нема да
се видиме . Ќе мора да се заборавиме.“ Ја извлеков твојата рака од мојата и почнав да плачам. Последното
што го видов беа твоите очи и последното што го чув беше твојот глас. Љубовта преку писмо не е љубов.
Се сеќаваш ли на она што ти го прочитав ? Тоа беа зборовите од една песна: Да љубиш е како песна да пееш,
а не постои песна без крај. А, твоите писма и понатаму стојат неотворени. Во почетокот пристигнуваа многу
писма. Еден ден кога се вратив од школо, на бирото забележав едно писмо. Со треперливи раце го отворив и
почнав да читам: „ Само за мојата малечка. Малечка, на крај сепак доаѓам во Скопје. На 15 ќе ти се јавам.
Кога ќе заѕвони телефонот крени ја слушалката, кога ќе го слушнеш мојот глас сослушај ме, а потоа се ќе
биде како порано “. Кој вели дека има писмо без крај. Мангупе се сеќаваш ли на песната што ја пеевме.
А сега завршувам со пишување и го чекам твојот глас. Заедно ќе бидеме.....
Ова беше пронајдено на трупот на една девојка со пресечени вени. До неа е најден весник отворен на
страна 15 во кој пишува:
„ Авионот кој требаше да пристигне од Флорида (Америка) се урна во близина на Југословенската граница.
Преживеани нема. Истрагата е во тек . “
Во продолжение на писмото со крвави букви беше напишано:
„ Да љубиш е како песна да пееш, а не постои песна без крај


156 cm, 40 kg, Кафеава коса и Кафеави очи.

Последно бев online на: 03.01.2009

Испрати порака Види ја галеријатa Последни коментари на корисникот

Пријатели


Корисникот има 147 пријатели!
1 2 3 4 > >> 
MoNiKa DiMiTrIeVsKa




Најави се

Заборавена лозинка | Регистрација