Помош
Зошто сликите кои ги имате качено се одбиени (избришани)?
Сите слики кои се избришани не ги исполнуваат правата и условите за користење на prijateli.com.mk. За основна слика се прифаќаат само слики на кои јасно се гледа кој сте Вие. Групни слики не се прифаќаат за основна слика. За да не Ви биде одбиена сликата која ја имате качено за основна слика, препорачливо е да сте сам на неа.
Како да го избришете Вашиот профил?
Доколку сакате да го избришете Вашиот профил кликнете овде (треба да сте најавени!).
Како да поставам Видео?
Тоа се прави на тој начин што во соодветното поле се внесува наслов на видеото (по ваш слободен избор), Ембед код (EMBED CODE), многу е важно да знаете дека ембед кодот се зема од www.youtube.com , www.metacafe.com ... или некој друг сајт на кој може да се ставаат видео фајлови. И на крај се става опис за видеото, исто така по ваш слободен избор. И на крај кликнете на копчето „ВНЕСИ“.
Рејтинг, популарност и друго….
Кои корисници излегуваат како најпопуларни?
Корисниците кои излегуваат на првата страна на Prijateli.com.mk се рангираат по тоа колку регистрирани корисници го имаат разгледано нивниот профил во последните 24 часа.
Што се подразбира под “корисник што го има разгледано Вашиот профил”?
Доколку корисникот кој го има видено Вашиот профил, има качено основна слика и сликата е одобрена од администраторите во моментот кога ќе го отвори Вашиот профил се одбележува дека го има видено. Ако истиот корисник во следните 24 часа повторно го разгледа Вашиот профил се променува само времето на последното видување на профилот, но не и бројот на корисници кои го имаат видено Вашиот профил.
Каков е Вашиот рејтинг?
На страницата со Вашиот профил, под основната слика, е прикажан Вашиот рејтинг. Рејтингот се определува од бројот на корисниците кои имаат гласано за Вас и бројот на ѕвездички со кои Ве имаат оценето.
За да гласате за некој корисник отидете на страницата со неговиот профил и изберете со колку ѕвездички ќе го оцените неговото представување на Prijateli.com.mk.
Како се пресметува Вашиот рејтинг?
Вашиот рејтинг е збирот од бројот на ѕвездички со кои корисниците Ве имаат оценето, поделен со бројот на корисници кои имаат гласано за Вас.
Што уште влегува во Вашето рангирање на Prijateli.com.mk?
На Вашето рангирање негативно се одразува:
- Бројот на коментари кои ги имате оставено, а се избришани од корисникот во чија галерија ги имате оставено.
- Навредливи коментари или коментари избришани од администраторите на сајтот заради непочитување на правата и условите за користење на сајтот.
- Бројот на слики кои се одбиени од администраторите на сајтот.
- Наскоро ќе биде пуштена опција секој корисник да може да блокира корисници кои не сака да му пишуваат. Колку повеќе корисници Ве имаат блокирано, толку повеќе Вашиот рејтинг паѓа.